Машини што гледаат.
Луѓе што одлучуваат.
Theia Robotics развива беспилотни платформи со електро-оптички, термални и длабински сензори, вграден AI компјутер и интерфејс човек-машина што сензорските податоци ги претвора во јасна слика за операторот.

- Сензори
- Електро-оптика, термална слика, длабочина и LiDAR, според мисијата
- Обработка
- NVIDIA Jetson Orin Nano, на самата платформа
- Врска
- 4G/LTE преку шифриран VPN тунел
Изберете сензорски модул
Секој модул дава различна слика. За секој прво го гледате резултатот што го очекувате, потоа платформата со модулот и на крај самиот модул.



EO / зум камера
Слика со висока резолуција во видливиот спектар, со оптички зум за детали од безбедна оддалеченост.
- Што добивате
- Остра слика и видео во боја; операторот зумира наместо да лета поблиску.
- Типична намена
- Визуелна инспекција на водови, фасади и покриви; преглед на локација.
- Статус
- Според мисијата



Термална (IR) камера
Топлина наместо светлина: луѓе, возила и загреана опрема, дење и ноќе.
- Што добивате
- Термална слика на која топлите објекти се издвојуваат, дење и ноќе.
- Типична намена
- Прегреани точки на опрема, луѓе и возила ноќе, топлински загуби.
- Статус
- Според мисијата



RGB-D длабинска камера
Растојание за секој пиксел. Основа за 3Д перцепција одблизу и за детекција на пречки.
- Што добивате
- Растојание за секој пиксел, неколку метри пред платформата.
- Типична намена
- Забележување на пречки и 3Д перцепција одблизу.
- Статус
- На платформата



LiDAR скенер
Ласерско мерење на растојанија што дава облак од точки и 3Д модел на теренот.
- Што добивате
- Облак од точки: милиони измерени точки што градат 3Д модел.
- Типична намена
- Модели на терен и мерење на волумени.
- Статус
- Во план



Мултиспектрална камера
Снимање во тесни појаси од спектарот, од кои се пресметува состојбата на вегетацијата и површините.
- Што добивате
- Слики во одвоени тесни појаси и вегетациски индекс пресметан од нив.
- Типична намена
- Состојба на посеви и вегетација, промени на површини.
- Статус
- Според мисијата
Илустрација: симулирани мерења

Сензор за гасови
Мерење на концентрација долж рутата на летот, за откривање на истекувања. Резултатот се прикажува на карта.
- Што добивате
- Измерена концентрација за секоја точка од рутата, прикажана на карта.
- Типична намена
- Наоѓање истекувања долж цевководи и околу инсталации.
- Статус
- Според мисијата
Фотографиите се од нашата платформа; модулите на местото на гимбалот се додадени за да се прикаже секоја конфигурација. Мултиспектралната камера и сензорот за гасови се 3Д визуелизации на типични уреди, а резултатот од сензорот за гасови е илустрација со симулирани мерења.
Што градиме

Системи за визија
Електро-оптика, термална слика, длабочина и мултиспектрална анализа, споени во една слика за операторот.

Интерфејс човек-машина
Видео, карта и состојба на системот на еден екран. Системот предлага, операторот одлучува.

Платформа
Модуларен квадрокоптер со вграден AI компјутер, длабинска камера и шифрирана врска.
Што гледа платформата
Секој сензор открива нешто што другите не го гледаат. Прво е прикажан резултатот од обработката, а со едно кликнување и изворната снимка.




Од снимка до одлука
Снимката е само почеток. Од преклопени фотографии настануваат карти и 3Д модели, од термалната слика наоди, а од видеото детекции што операторот ги потврдува.
Мапирање и 3Д
Мозаици, релјеф, изохипси и профили на теренот.
Термална анализа
Топлина што открива луѓе, возила и неисправна опрема.
Обработка на платформата
Сликата се анализира на самото летало, без чекање на врската.
Каде се користи
Сите примени
Инспекција на инфраструктураЕнергетски и индустриски објекти, без скелиња и работа на височина.
Надзор и ситуациона свесностПериметри и големи локации, со видео во живо преку безбедна врска.
Термално снимањеТоплински загуби, прегревање на опрема и дијагностика на покриви.
Мапирање и 3Д моделиОртофото мапи, облаци од точки и 3Д модели за планирање и документација.
Кризни ситуацииБрза проценка на штети и ноќна потрага со термална камера.
Развој и интеграција по меркаПлатформи, сензори и AI софтвер прилагодени на вашата мисија.
Каде сме денес
Платформата е во активен развој. Отворено кажуваме што е завршено, што се развива и што е во план.
- Платформа и пробни летовиЗавршено
- Вграден AI и компјутерска визијаВо развој
- Интерфејс човек-машинаВо развој
- Детекција на пречки и автономијаВо план
- RTK/PPK и LiDAR мапирањеВо план
Вашата мисија. Нашата технологија.
Раскажете ни за вашата локација, објект или технички предизвик. Ќе предложиме платформа и сензори и ќе започнеме со пилот-проект.