Бренд на Profil Security Systems info@theia.mkMKEN
Theia Robotics

Системи за визија

Што гледаат сензорите и што значи тоа за операторот. Секој приказ прво го покажува резултатот од обработката, а потоа изворната снимка.

Истата снимка како обоен релјеф: повисоките објекти се во потопли боиВоздушна фотографија на пат, паркинг со возила и автобус, далноводен столб и куќа
Релјеф пресметан од две преклопени фотографии: автобусот, возилата и далноводниот столб се издвојуваат од теренот.
Термална снимка од воздух: паркирани возила покрај зградаТермална снимка од воздух: паркирани возила покрај зграда
Термална снимка од 100 m, дење. Означени се 11 автомобили и 1 друго возило.
Исечок од истата фотографија во полна резолуција: паркирани возила и патекаВоздушна фотографија на зграда со зелен покрив и паркинзи; означен е делот прикажан во исечокот
Исечок во полна резолуција и целата фотографија од која е земен.

Електро-оптика: детали од безбедна оддалеченост

Дневната камера дава слика со висока резолуција во видливиот спектар. Колку детали се гледаат зависи од сензорот, оптиката и висината на летот.

Примерот е снимен од околу 80 m над теренот. Еден пиксел покрива околу 3,4 cm, па на снимката јасно се разликуваат возила, патеки и отвори на покривот.

За инспекции каде што треба уште поголем детал, на платформата се вградува камера со оптички зум.

EO/зум камерата се избира според мисијата

Добро е да знаете

  • Деталот зависи од висината: двојно понизок лет дава двојно поситен пиксел.
  • За карти и модели, соседните снимки се преклопуваат најмалку две третини.
Истата снимка во палета во бојаТермална снимка на паркинг во палета бело-топлоИстата снимка во палета црно-топло
Една термална снимка во три палети.

Термална слика: топлина наместо светлина

Термалната камера не зависи од осветлувањето. Луѓе, возила и загреана опрема се издвојуваат од позадината и ноќе, и при слаба видливост.

Истата снимка може да се прикаже во различни палети. Бело-топло и црно-топло се стандард за надзор, а палетите во боја го олеснуваат читањето на мали температурни разлики.

Термалните сензори имаат помала резолуција од дневните камери. Примерите се 640 × 512 пиксели, прикажани зголемени.

Термалната камера се избира според мисијата

Добро е да знаете

  • Термалната камера мери зрачење од површината. Не гледа низ стакло и ѕидови.
  • Најдобар контраст има ноќе и рано наутро, кога површините се оладени.
Длабинската камера Intel RealSense и гимбалот на платформата на Theia Robotics
Длабинската камера на нашата платформа.

Длабочина: растојание за секој пиксел

На платформата е вградена длабинска камера Intel RealSense. Таа мери растојание до објектите пред леталото и е основа за 3Д перцепција одблизу и за идната детекција на пречки.

За поголеми површини, длабочината се добива од самите снимки. Од две преклопени фотографии се пресметува релјефот на теренот и објектите, како во приказот на почетокот на страницата.

Длабинската камера е на платформата

Добро е да знаете

  • Длабинските камери работат на растојание од неколку метри, а сончевата светлина го скратува дометот.
  • За терен и објекти длабочината се добива со фотограметрија, а во план е и LiDAR.

Релјеф и 3Д модели

Истата сцена како вегетациски индекс: тревникот е зелен, асфалтот кафеавВоздушна фотографија на паркинг, тревник и дрвја во есен
Вегетациски индекс пресметан од црвениот и блискиот инфрацрвен појас, и фотографија од истото место.

Мултиспектрална слика: што не се гледа со око

Мултиспектралната камера снима во тесни појаси, меѓу кои и блискиот инфрацрвен. Од црвениот и блискиот инфрацрвен појас се пресметува вегетациски индекс (NDVI).

На примерот, тревникот е јасно одвоен од асфалтот и од дрвјата без лисја. Истата анализа се користи за состојба на насади, зелени површини и покриви.

Мултиспектралната камера се избира според мисијата

Добро е да знаете

  • Индексот покажува колку е активна вегетацијата, а не кој вид растение е.
  • За споредба низ времето, снимањата се калибрираат со референтна плоча.
Ноќна термална снимка од воздух: луѓето се гледаат како светли точки и се означени
Ноќна термална снимка од 60 m со означени лица.

AI перцепција: што е важно во сликата

Вградениот компјутер NVIDIA Jetson Orin Nano ја обработува сликата на самата платформа. Целта е системот сам да ги означи луѓето и возилата, а операторот да потврди што е важно.

На ноќната термална снимка се означени 22 лица. Таков резултат очекуваме од детекцијата: секој човек во кадарот, и кога со голо око не се гледа ништо.

Во развој

Добро е да знаете

  • Секоја детекција носи ниво на сигурност.
  • Системот означува и предлага. Не дејствува сам.

Сензорски модули

Поимник
МодулШто даваСтатус
EO / зум камераДетален визуелен преглед од безбедна оддалеченостСпоред мисијата
Термална (IR) камераТоплински аномалии и работа ноќеСпоред мисијата
RGB-D длабинска камераРастојание и 3Д перцепција одблизуНа платформата
LiDAR скенерОблаци од точки и 3Д модели на теренВо план
Мултиспектрална камераСостојба на вегетација и површиниСпоред мисијата
Сензор за гасовиОткривање на истекувањаСпоред мисијата

Вашата мисија. Нашата технологија.

Раскажете ни за вашата локација, објект или технички предизвик. Ќе предложиме платформа и сензори и ќе започнеме со пилот-проект.