Бренд на Profil Security Systems info@theia.mkMKEN
Theia Robotics

Технологија

Од снимка до одлука: што се случува со податоците откако сензорот ќе ги сними. Примерите се пресметани од вистински воздушни снимки.

  1. СнимањеДневна, термална и длабинска слика
  2. Обработка на платформатаДетекција и компресија на самото летало
  3. Шифриран пренос4G/LTE преку VPN тунел
  4. Интерфејс на операторотВидео, карта, детекции
  5. Извештај и архиваМозаици, модели, наоди
Мозаик од десет воздушни фотографии: зграда со зелен покрив, паркинзи, пат и околен терен
Мозаик од десет преклопени фотографии, снимени од околу 80 m над теренот. Покрива приближно 217 × 102 m.

Мапирање: од поединечни снимки до карта

Леталото лета по однапред зададена рута и снима фотографии што се преклопуваат. Софтверот ги препознава истите точки на соседните снимки и ги спојува во една слика на целата локација.

На таква слика може да се мери: должини, површини и растојанија меѓу објекти. Мерката долу лево е пресметана од висината на летот и податоците на камерата.

Релјеф и 3Д модел

Кога иста точка се гледа од две позиции, нејзиното поместување во сликата ја открива височината. Од две преклопени фотографии на каменолом ги пресметавме релјефот, изохипсите на секои 2 m и профилот по линијата A–B.

Профилот покажува висинска разлика од околу 12 m меѓу дното на копот и работ на платото.

Вредностите се приближни, бидејќи се пресметани без контролни точки на теренот. За премер со геодетска точност планираме RTK/PPK позиционирање.

Релјеф на каменолом во боја, со изохипси на секои 2 m и означена линија A–BВоздушна фотографија на каменолом со карпест раб и патека
Релјеф со изохипси на секои 2 m (подебелите на 10 m) и линијата на профилот A–B. Со едно кликнување се гледа фотографијата од која е пресметан.

Профил на теренот по линијата A–B

Височина (m) Растојание од A (m)
Поминете со покажувачот преку графиконот за точни вредности.
Табела со вредности
Растојание од A (m)Височина (m)
01,3
51,4
101,4
151,5
201,4
251,5
301,8
353,9
407,5
4511
4913,3
Кос 3Д приказ на каменоломот: фотографијата е навлечена преку пресметаниот релјеф
3Д приказ на површината: фотографијата навлечена преку пресметаниот релјеф.

Што влијае на точноста

  • Висина на летот

    Пониско значи поситен пиксел и попрецизно мерење.

  • Преклоп на снимките

    Повеќе заеднички точки меѓу снимките даваат посигурен модел.

  • Контролни точки

    Точки со познати координати на теренот го врзуваат моделот за стварни мерки.

  • RTK/PPK позиционирање

    Положбата на секоја снимка се знае до сантиметри. Тоа е во нашиот план.

Термална анализа

Термалната слика покажува температурни разлики на површините. На згради тоа се топлински загуби и влага, на електрична опрема прегреани споеви, а на соларни панели неисправни ќелии.

За надзор, термалната слика е најсигурниот начин да се забележи човек или возило ноќе.

Термална снимка од воздух на зграда со панели на покривот
Зграда со панели на покривот, снимена од 130 m.
Термална снимка од воздух на возила на улица
Возила на улица, снимени од 60 m.
Платформата на Theia Robotics, поглед од страна
AI компјутерот е вграден во рамката, над сензорите.

Обработка на самата платформа

Видеото се анализира на компјутерот NVIDIA Jetson Orin Nano, вграден во леталото. Одговорот е брз, системот продолжува да работи и кога врската е слаба, а кон операторот се испраќа она што е важно.

Во развој се детекција и следење на луѓе и возила во дневна и термална слика.

Вашата мисија. Нашата технологија.

Раскажете ни за вашата локација, објект или технички предизвик. Ќе предложиме платформа и сензори и ќе започнеме со пилот-проект.