Бренд на Profil Security Systems info@theia.mkMKEN
Theia Robotics

Подобра видливост. Побезбедни инспекции. Побрза документација.

Каде беспилотна платформа со повеќе сензори заштедува време и ризик.

Далноводен столб и проводници снимени од воздух

Инспекција на инфраструктура

Енергетски и индустриски објекти, без скелиња и работа на височина.

Далноводи, трафостаници, столбови, цевководи и покриви се прегледуваат од воздух, без исклучување и без качување.

Задача
Преглед на далновод, трафостаница, столб или покрив без исклучување
Сензори
Дневна камера со зум, термална камера
Резултат
Фотографии и термални снимки со означени наоди

Што опфаќа

  • Фотографии и видео со висока резолуција од безбедна оддалеченост
  • Термален преглед на споеви и опрема
  • Наоди означени со локација
Термална снимка од воздух на паркинг со возила

Надзор и ситуациона свесност

Периметри и големи локации, со видео во живо преку безбедна врска.

Голема локација се гледа одеднаш, дење и ноќе. Сликата стигнува до оперативниот центар преку шифрирана врска.

Задача
Надзор на периметар или голема локација, дење и ноќе
Сензори
Дневна и термална камера
Резултат
Видео во живо во оперативниот центар

Што опфаќа

  • Видео во живо од дневна и термална камера
  • Преглед на периметар и пристапни патишта
  • Означување на луѓе и возила (во развој)
Термална снимка од воздух на зграда со панели на покривот

Термално снимање

Топлински загуби, прегревање на опрема и дијагностика на покриви.

Термалната слика ги покажува местата каде што површината е потопла или поладна од очекуваното.

Задача
Преглед на фасади, покриви, соларни панели и електрична опрема
Сензори
Термална и дневна камера
Резултат
Термални снимки со споредба во видлив спектар

Што опфаќа

  • Термални снимки на фасади и покриви
  • Преглед на соларни панели и електрична опрема
  • Споредба со дневна снимка од истото место
Каменолом снимен од воздух: лево фотографија, десно пресметан релјеф

Мапирање и 3Д модели

Ортофото мапи, облаци од точки и 3Д модели за планирање и документација.

Од преклопени снимки се добива слика на целата локација и нејзиниот релјеф, на кои може да се мери.

Задача
Снимање на локација за карта и релјеф
Сензори
Дневна камера, во план LiDAR и RTK/PPK
Резултат
Мозаик, релјеф со изохипси и профили

Што опфаќа

  • Мозаик на локацијата
  • Релјеф, изохипси и профили
  • Мерење на должини и висински разлики
Ноќна термална снимка од воздух: луѓето се гледаат како светли точки и се означени

Кризни ситуации

Брза проценка на штети и ноќна потрага со термална камера.

Кога времето е најважно, леталото за неколку минути дава слика од место до кое тешко се стигнува.

Задача
Брз преглед на подрачје и потрага ноќе
Сензори
Термална и дневна камера
Резултат
Слика во живо и означени локации

Што опфаќа

  • Брз преглед на голема површина
  • Ноќна потрага со термална камера
  • Слика во живо за тимот на терен
Длабинската камера и гимбалот на платформата на Theia Robotics

Развој и интеграција по мерка

Платформи, сензори и AI софтвер прилагодени на вашата мисија.

Ако вашата задача бара сензор или софтвер што го нема на готовите системи, ги вградуваме на нашата платформа.

Задача
Сензор или софтвер што го нема на готовите системи
Сензори
По договор
Резултат
Прилагодена платформа, проверена во пилот-проект

Што опфаќа

  • Вградување на ваш сензор
  • Прилагодување на софтверот и интерфејсот
  • Пилот-проект на ваша локација

Наменето за

  • Одбрана и безбедност
  • Критична инфраструктура
  • Енергетика
  • Заштита и спасување
  • Индустрија и логистика
  • Градежништво
  1. Консултација

    Ни кажувате што треба да се види, каде и колку често. Заедно оценуваме дали беспилотно летало е вистинскиот алат.

  2. Пилот-проект

    Едно снимање на ваша локација, со договорените сензори. Резултатите се од вашиот објект, не од презентација.

  3. Имплементација

    Ако пилот-проектот ги исполни целите, платформата и интерфејсот ги прилагодуваме за редовна работа.

Вашата мисија. Нашата технологија.

Раскажете ни за вашата локација, објект или технички предизвик. Ќе предложиме платформа и сензори и ќе започнеме со пилот-проект.