Бренд на Profil Security Systems info@theia.mkMKEN
Theia Robotics

Машини што гледаат.
Луѓе што одлучуваат.

Theia Robotics развива беспилотни платформи со електро-оптички, термални и длабински сензори, вграден AI компјутер и интерфејс човек-машина што сензорските податоци ги претвора во јасна слика за операторот.

Погледнете што гледа платформатаКонтакт

Беспилотната платформа на Theia Robotics: квадрокоптер со длабинска камера, гимбал и вграден AI компјутер
Развојната платформа на Theia Robotics, прикажана со EO камера на гимбалот.
Сензори
Електро-оптика, термална слика, длабочина и LiDAR, според мисијата
Обработка
NVIDIA Jetson Orin Nano, на самата платформа
Врска
4G/LTE преку шифриран VPN тунел

Изберете сензорски модул

Секој модул дава различна слика. За секој прво го гледате резултатот што го очекувате, потоа платформата со модулот и на крај самиот модул.

Исечок од воздушна фотографија во полна резолуција: паркирани возилаПлатформата со EO камера на гимбалотEO зум камера на триосен гимбал

EO / зум камера

Слика со висока резолуција во видливиот спектар, со оптички зум за детали од безбедна оддалеченост.

Што добивате
Остра слика и видео во боја; операторот зумира наместо да лета поблиску.
Типична намена
Визуелна инспекција на водови, фасади и покриви; преглед на локација.
Статус
Според мисијата

Фотографиите се од нашата платформа; модулите на местото на гимбалот се додадени за да се прикаже секоја конфигурација. Мултиспектралната камера и сензорот за гасови се 3Д визуелизации на типични уреди, а резултатот од сензорот за гасови е илустрација со симулирани мерења.

Што гледа платформата

Секој сензор открива нешто што другите не го гледаат. Прво е прикажан резултатот од обработката, а со едно кликнување и изворната снимка.

Истата снимка како обоен релјеф: повисоките објекти се во потопли боиВоздушна фотографија на пат, паркинг со возила и автобус, далноводен столб и куќа
Релјеф пресметан од две преклопени фотографии: автобусот, возилата и далноводниот столб се издвојуваат од теренот.
Термална снимка од воздух: паркирани возила покрај зградаТермална снимка од воздух: паркирани возила покрај зграда
Термална снимка од 100 m, дење. Означени се 11 автомобили и 1 друго возило.

Сите системи за визија

Од снимка до одлука

Снимката е само почеток. Од преклопени фотографии настануваат карти и 3Д модели, од термалната слика наоди, а од видеото детекции што операторот ги потврдува.

Како работи технологијата

Мозаик од десет воздушни фотографии: зграда со зелен покрив, паркинзи, пат и околен терен
Мозаик од десет преклопени фотографии, снимени од околу 80 m над теренот. Покрива приближно 217 × 102 m.

Мапирање и 3Д

Мозаици, релјеф, изохипси и профили на теренот.

Термална анализа

Топлина што открива луѓе, возила и неисправна опрема.

Обработка на платформата

Сликата се анализира на самото летало, без чекање на врската.

Каде сме денес

Платформата е во активен развој. Отворено кажуваме што е завршено, што се развива и што е во план.

Повеќе за нас

  • Платформа и пробни летовиЗавршено
  • Вграден AI и компјутерска визијаВо развој
  • Интерфејс човек-машинаВо развој
  • Детекција на пречки и автономијаВо план
  • RTK/PPK и LiDAR мапирањеВо план

Вашата мисија. Нашата технологија.

Раскажете ни за вашата локација, објект или технички предизвик. Ќе предложиме платформа и сензори и ќе започнеме со пилот-проект.