Бренд на Profil Security Systems info@theia.mkMKEN
Theia Robotics

Контакт

Раскажете ни за вашата локација, објект или технички предизвик. Ќе предложиме платформа и сензори и ќе започнеме со пилот-проект.

Е-пошта info@theia.mk
Напишете ни
Profil Security Systems, Македонија
  1. Консултација
  2. Пилот-проект
  3. Имплементација

Како изгледа пилот-проект

Што да ни напишете

  • Каде е локацијата и за каков објект станува збор.
  • Што треба да се види, измери или документира.
  • Колку често: еднаш, периодично или постојано.
  • Дали има рок или посебни услови за работа.

Технички лист

Конфигурацијата, архитектурата и сензорските модули на две страници, за печатење и споделување.

Преземете го техничкиот лист (PDF)

Чести прашања

Дали платформата е достапна сега?

Платформата е во активен развој и на пробни летови. Работиме преку пилот-проекти, во кои заедно проверуваме што може да се постигне на ваша локација.

Кои сензори може да ги носи?

На платформата има длабинска камера и стабилизиран гимбал. Дневна камера со зум, термална камера, мултиспектрална камера или сензор за гасови се избираат според мисијата. LiDAR е во план.

Може ли да се вгради наш сензор или софтвер?

Да. Платформата користи отворени стандарди, па интеграцијата на дополнителен сензор или софтвер е дел од она што го нудиме.

Како се заштитени податоците?

Видеото и телеметријата патуваат низ шифриран VPN тунел преку 4G/LTE мрежа. Пристап имаат само овластени уреди.

Каде може да се лета?

Секоја операција зависи од важечките воздухопловни прописи, проценката на безбедноста, временските услови и пристапот до локацијата. Тоа го разгледуваме уште во првиот разговор.

Колку трае пилот-проект?

Зависи од локацијата и целта. Самото снимање обично е работа на еден ден, а обработката и прегледот на резултатите следуваат потоа.

Дали снимките на оваа страница се од вашата платформа?

Фотографиите на платформата се наши. Воздушните и термалните снимки се примери од отворени збирки податоци, наведени на страницата „Извори и лиценци“. Како што напредуваат пробните летови, ќе ги заменуваме со наши.